Фудбалската асоцијација на Англија преговара со УЕФА за преместување на финалето во Лигата на шампиони да се игра на Островот.
Финалето помеѓу Челзи и Манчестер Сити треба да се игра во Истанбул на 29-ти мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата со зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Турција е таква што англиските власти ја ставија земјата во црвена зона. Тоа значи дека секој посетител на Турција треба да биде 10 дена во карантин при враќање во Велика Британија.
УЕФА размислува само за еден стадион што би можел да биде домаќин на финалистите во Лигата на шампионите, а тоа е култниот „Вембли“ во Лондон.
Вембли би можел да угости 22.500 гледачи, но Владата треба да даде дозвола за движење на претставниците на бродокастерите, новинарите, спонзорите и за ВИП гостите.
Притоа финалистите треба да се октажат од заработката и парите ќе му бидат доделени на градот Истанбул односно на организаторот на финалето, а сумата изнедува 20 милиони евра.