Дома Фудбал Останато Финалето од Копа Либертадорес по профитабилно од она во Лигата на шампионите

Финалето од Копа Либертадорес по профитабилно од она во Лигата на шампионите

river

Иако екипата на Ривер Плата триумфираше во Копа Либертадорес во неделата навечер на „Сантијаго Бернабеу“ победник е и градот Мадрид.

Како што е познато, после одлуката „Суперкласико“ да не се игра во Аргентина се донесе одлука оваа средба да се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Главниот град на Шпанија ова го искористи на најдобар можен начин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секако, градот имаше профит одо вој натпревар, а сега медиумите пишуваат дека градот само од директни приходи инкасирал околу 42 милиони евра.

„Уште 50 милиони евра ќе дојдат како ефект на шпанскиот бренд и брендот Мадрид“, кратко додаде претставникот на локалните власи Родригез Урибес.

Интересно е што конечната бројка која Мадрид ја заработил од реваншот во финалето на Копа Либертадорес надминува 55 милиони евра, колку што според официјалните извештаи заработиле Лисабон и Милано, градови кои организираа две финалиња во Лигата на шампионите.

Ќе потсетиме, уште еднаш Ривер во споменатото финале после продолженија ја совлада Бока со резултат 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…