Maнчестер Јунајтед во вторникот на гостински терен го победи Вулверхемптон со 2:1 во натпревар од 33-тото коло во англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ одлично го започнаа натпреварот и до водство стигнаа во 13-тата минута со голот на Мектомини. Сепак во продолжение од натпреварот домашниот тим успеа да дојде до целосен пресврт со головите на Јота и автоголот на Смолинг во финишот од натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен за поразот на Јунајтед после натпреварот се зборуваше и за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс кој повторно имаше „стандардна“ гримаса.
Џонс е вистински мајстор за урнебесни гримаси, а против Вулверхемптон повторно сите ги остави без текст. Очигледно дека Џонс не може „нормално“ да влезе во еден дуел.
— No Context Footie (@nocontextfootie) April 4, 2019