Дома Македонски спорт Филип Гачевски е пред трансфер во Турција

Филип Гачевски е пред трансфер во Турција

Поранешниот голман на Вардар Филип Гачевски би можел да направи трансфер во Турција.

Гачевски во овој момент брани во Кипар во екипата на Енозис која испадна во втората лига во ова првенство. Сега според турските медиуми интерес за македонскиот голман покажал Коачелиспор.

Се наведува дека трансферот е блиску до реализација, меѓутоа се додава дека и Бурсаспор покажала интерес. Коачилспор игра во турската втора лига.

Во редовите на Енозис Гачевски пристигна минатото лето после распадот на Вардар, претходно пет години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…