Дома Останати Кошарка НБА Филаделфија води во серијата, Џоел Ембид ги разби Рапторси (ВИДЕО)

Филаделфија води во серијата, Џоел Ембид ги разби Рапторси (ВИДЕО)

Филаделфија изминатата ноќ на свој паркет беше подобра од Торонто со резултат 116:95 и поведоа во полуфиналната серија на Истокот со 2:1.

Филаделфија имаше предност од првата до последната минута, а одличен натпревар одигра Џоел Ембид кој беше незапирлив за Рапторси.
На почетокот на втората четвртина Филаделфија направи и двоцифрена разлика. Поголем дел од натпреварот тие имаа таква предност и на полувреме заминаа со 64:53.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без поголеми проблеми ја одржуваа предноста во продолжение од натпреварот. Разликата достигна и до максимални 18 поени предност во третиот период, но Рапторси во последната четвртина дојдоа на минус седум.

Меѓутоа тоа беше се што направија. Домаќинот направи фантастична серија од 21:2 и ја заврши приказната во овој дуел.

Сега Филаделфија има предност од 2:1 и наредниот натпревар се игра повторно на нивни паркет.

До победата беа предводени од Џоел Ембид кој уфрли 33 поени и додаде 10 скокови, Џими Батлер запиша 22 поени и девет скокови.

На Другата страна кај Торонто, Леонард уфрли 33 поени, а Паскал Сиакам додаде 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…