Луис Фиго мина пет години на „Камп Ноу“, а потоа во 2000-та година направи „предавнички“ трансфер во редовите на најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Португалската фудбалска легенда признава дека бил близок со Пеп Гвардиола, и проговори за „урбаниот мит“ дека тој и Пеп имале романтична врска кога беа соиграчи во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Гвардиола беше голем пријател кој ми помогна многу. Да, тој ми беше цимер, но немаше ништо. Зошто? Бидејќи сакам жени“, вели Фиго.
Темата за хомосексуалноста во светот на фудбалот уште е „чувствителна“ и на пример, ниту еден од фудбалерите во шпанската Ла лига нема признаено дека е геј.
„Фудбалот е многу суров спорт. Играте секоја недела и ќе бидете критикувани за секакви работи, а не за тоа што сте го покажале на теренот. Ќе мора да има заштита за тие кои ќе кажат дека се хомосексуалци“, вели Фиго.