Дома Трансфер зона Фернандеш се договори со Јунајтед, трансферот пред реализација

Фернандеш се договори со Јунајтед, трансферот пред реализација

Англиските и португалските медиуми потврдија дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале договор со трансфер на Бруно Фернандеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот офанзивен фудбалер денес или најдоцна утре треба да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4,5 годишен договор со „црвените ѓаволи“.

Наводно, Фернандеш веќе ги договорил личните услови со „ѓаволите“, па сега преостанува само да се договорат последните детали.

Фернандеш беше голема желба на Јунајтед и другите англиски гиганти уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Спортинг одолеваше на богатите понуди. 25-годишниот Португалец и оваа сезона игра во фантастична форма, па несомнено ќе биде големо засилување за Солскјер.

Манчестер Јунајтед за неговиот потпис според најавите на медиумите ќе плати 50 милини фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…