Дома Фудбал Англија Фернандеш: Ливерпул се бори за титула, ние не се бориме за ништо, тоа е разликата…

Фернандеш: Ливерпул се бори за титула, ние не се бориме за ништо, тоа е разликата…

Maнчестер Јунајтед не се прослави и во вториот натпревар против Ливерпул, после поразот од 5:0 во првиот вчера претрпеа пораз од 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостите немаа никаков одговор за домаќините кои добро знаеа што сакаат и во овој дуел. Манчестер Јунајтед со овој пораз направи чекор назад во борбата за топ 4. Бруно Фернандеш после натпреварот испрати извинување до навивачите.

„Сакам прво да им се извинам на навивачите, се разбира дека тоа не е никогаш доволно, но тоа е се што можеме да направиме. Заслужуваат многу повеќе од ова. Мислам дека секој од нас даде 100% и вложи големи напори, сепак не одигравме добро“.

Проблем Португалецот гледа и во мотивацијата.

„Ливерпул се бори за титулата, а ние не се бориме за ништо, тоа е разликата. Треба да се погледнеме, да анализираме и да поправиме се што не е во ред“, изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Француска легенда со шокантно тврдење за Португалија: Соиграчите го бојкотираа Роналдо, воопшто не му додаваа!

Јури Џоркаеф(58), легендарниот француски фудбалер, во интервју за РМЦ изнесе ставови за Кр…