Манчестер Јунајтед победи во големото дерби против градскиот ривал и се доближи на само еден бод до Манчестер Сити.
По мечот Бруно Фернандеш даде искрена изјава за која многумина сметаат дека била насочена кон Кристиано Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо е веќе заборавен на „Олд Трафорд“, а Фернандеш вели дека тој и неговите колеги конечно личат на екипа.
„Пред натпреварот им кажав на соиграчите дека конечно изгледаме како тим. Пред неколку месеци тоа беше реткост“, кажа Фернандеш.
Многумина веднаш помислија дека овие зборови се упатени кон Роналдо, кој во последните месеци често беше во центарот на вниманието поради неговото однесување и правеше раздор во соблекувалната.