Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи откако доби црвен картон на натпреварот против Тотенхем во шестото коло од Премиер лигата.
Јунајтед беше „прегазен“ на Олд Трафорд од Тотенхем со 3:0, со што се продлабочи големата криза во која се наоѓа. На овој натпревар црвен картон Фернандеш доби црвен картон во 42 минута при резултат 0:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ги изневерив моите соиграчи, бидејќи останаа со играч помалку. Ценам се што прават на теренот, им беше тешко поради мене. Не го почнавме добро натпреварот и со изедначени сили на теренот имаа предност, а потоа стана уште потешко“, рече Фернандеш и додаде:
„Во второто полувреме примивмедва гола, но беше тешко да се покрие целиот простор. Од овој натпревар можеме да извлечеме многу добри работи. Горд сум од она што го видов на теренот“, додаде португалскиот ас.
Манчестер Јунајтед моментално е на 12. место на табелата во Премиер лигата со седум бодови, менаџерот Ерик тен Хаг е под огромен притисок, а навивачите очекуваат и да биде отпуштен.