Искусниот напаѓач Фернандо Торес има нов клуб!
Легендарниот шпански фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Јапонија каде што ќе потпише договор со екипата на Саган Тосу.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите во оваа земја на бизарен начин дознаа дека Торес ќе стане нов член на овој клуб. Саган Тосу на својот официјален профил објави дека пристигнува шпанскиот голгетер, но текстот набрзо беше избришан.
Сепак, се остана забележано. Извесно е дека 34 годишниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Јапонија. „Марка“ наведува и дека поранешниот фудбалер на Атлетико, Ливерпул и Челзи ќе заработува околу четири милиони евра годишно.
Да потсетиме, пред неколку дена трансфер во Јапонија направи легендарниот Андрес Иниеста која стана член на Висел Кобе.
Очигледно јапонската прва лига станува се поинтересна за големото ѕвезди.
スクショ。伏字。 pic.twitter.com/2qbQnTcs8B
— masanari (@masa_forza) May 30, 2018