Дома Фудбал Англија Фердинанд: Мегваер треба да си замине од Јунајтед, Тен Хаг го омаловажува

Фердинанд: Мегваер треба да си замине од Јунајтед, Тен Хаг го омаловажува

Хари Мегваер често пати се наоѓа на мета на критики на фудбалската јавност, а англиските медиуми пишуваа и за негово можно заминување од Манчестер Јунајтед.

Пред неколку дена се појави информација дека Астон Вила започнала преговори да го доведе, сепак брзо стигна и демант за таквите информации.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд зборуваше за ситуацијата на Мегваер и го советуваше да го искористи овој преоден рок.

Фердинанд некогаш беше незаменлив стопер во Манчестер Јунајтед, одигра 455 натпревари и со овој клуб освои се што може да се освои.

Мегваер Манчестер Јунајтед го доведе како најскап дефанзивец на сите времиња. За него „цревените ѓаволи“ на Лестер му платија 87 милиони евра, но во последно време Тен Хаг не го користи. На Фердинанд не му е јасно како Лук Шо може да игра стопер пред Мегваер.

„Како е можно Лук Шо да игра стопер место него?! Ако во мое време беше така со Патрис (Евра), би го задавил. Би влегол во канцеларијата на тренерот и би го прашал дали ме омаловажува.

Хари Мегваер мора да си замине. Игра натпревари во купот, а во тимот е само затоа што Јунајтед во овој момент не може никого да доведе“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити …