Дома Фудбал Англија Фердинанд: Мегваер треба да биде исфрлен од тимот на Јунајтед

Фердинанд: Мегваер треба да биде исфрлен од тимот на Јунајтед

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го повика Солскјер да го извади од тимот Хари Мегваер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најскапиот дефанзивец во светот направи многу грешки во последно време, а последната беше против Данска пред неколку дена, кога доби црвен картон во првото полувреме.

„Во вакви ситуации, во кои сум бил и јас, неопходна е пауза и да бидеш надвор од тимот. Можеби е време Хари да добие краток одмор за да го собере мислите и да ја врати самодовербата. Солскјер треба да донесе тешка одлука и одговорноста е голема“, смета Фердинанд.

„Се сеќавам кога Фергусон ме замени на еден меч и ми рече:„оддалечи се од се, тренирај добро и пак да се вратиш“. Точно тоа беше одлично за мене“, откри Фердинанд.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…