Дома Фудбал Англија Фердинанд: Арсенал е како девојка на која не и верувате

Фердинанд: Арсенал е како девојка на која не и верувате

Aрсенал во последните неколку натпревари ја поправи формата и беше блиску до третата победа во низа, но глупоста на Џака беше причината поради која „топџиите“ останаа без трите бода кај Барнли.

Тимот на Микел Артета поведе со голот на Обамејанг во шестата минута, а но невнимателните Џака во 39 минута го погоди Крис Вуд во главата и топката се одби во голот за 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подоцна за Арсенал не беше досуден чист пенал после едно играње со рака. Таа ситуација ја коментираше Рио Фердинанд.

„Срамно е што Арсенал не го доби тој пенал. ВАР стана предмет на исмејување, мислам дека никој нема корист од него. Но тоа не ги поправа грешките кои ги правеа играчите на Арсенал. Ми изгледа дека и Артета на тимот гледа како на девојка на која не може да и верувате. Сигурен сум дека нема голема доверба. Не знае што се во ситуација да направат во даден момент. Може пред натпреварот да им зборува колку што сака, но тие на теренот ќе прават онака како што замислиле“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…