Свое мислење за ситуацијата во која се најде Сер Алекс Фергусон даде легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона.
Фергусон, познатиот менаџер на Манчестер Јунајтед, ја напушти клупата на „црвените ѓаволи“ уште во 2013 година, но се врати години подоцна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетик објави дека Јунајтед не сака Фергусон да биде амбасадор на клубот и останал без повеќемилионски договор.
Од компанијата INEOS на чело со Џими Ретклиф се решиле на ваков потег со цел да ги намалат трошоците. Така, поради богатиот договор од 2,16 милиони фунти (2,589 милиони евра) годишно, дојде моментот Фергусон да добие отказ.
Ако Фергусон може да добие отказ од својот Јунајтед на кој му донесе 36 трофеи, тогаш се поставува прашањето дали некој некаде е сигурен во својата работа и како е можно Ерик Тен Хаг да има уште работа на клупата.
Поради сето ова, Кантона бурно реагираше и го осуди клубот во кој своевремено настапуваше од 1992 до 1997 година.
„Сер Алекс Фергусон би требало да може да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Неверојатен недостаток на почит. Тоа е целосно скандалозно. Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот шеф засекогаш!“, рече Кантона.