Дома Фудбал Англија Фергусон за идејата на Перез: Тоа е само за повеќе пари, би изгубиле клубови со историја

Фергусон за идејата на Перез: Тоа е само за повеќе пари, би изгубиле клубови со историја

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон не ја поддржува идејата за формирање на европска Суперлига и смета дека англиските клубови не би требало да учествуваат во такво натпреварување.

Идејата дојде од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но се уште е далеку од реализација.

„Сигурно дека проектот е ориентиран кон повеќе пари, но нема да биде привлечен за клубовите од Англија. Премиер лигата е најдоброто национално првенство. Зошто англиските клубови би учествувале во таква Суперлига? Тоа за мене е незамисливо. Многу клубови со голема историја можат да исчезнат ако се формира таа Суперлига“, изјави Фергусон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…