Дома Фудбал Англија Фергусон го убедил Роналдо да се врати во Јунајтед, го договорил и Бејл

Фергусон го убедил Роналдо да се врати во Јунајтед, го договорил и Бејл

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон бил на чекор да го врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“, четири години после неговата продажба во Реал Мадрид.

Ова го откри поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ Патрис Евра и додаде дека во исто време бил договорен и трансферот на Герет Бејл од Тотенхем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, само две недели подоцна Алекс Фергусон изненадувачки донел одлука да се пензионира, па трансферите пропаднале.

„Имаше многу шпекулации, медиумите најавуваа дека Ферги ќе се пензионира. Разговарав со него, и тој ми рече, „Патрис, никогаш нема да се пензионирам, ќе бидам тука уште 10 години. Кројам планови, 99% сум сигурен дека ќе ги имаме Кристиано Роналдо и Герет Бејл. Ми требаат овие двајца фудбалери за повторно да ја освоиме Лигата на шампиони“. И да бидам фер, кога разговарам со Кристиано на оваа тема, ми потврди дека му кажал ДА на шефот за враќање“, откри Евра.

„Две недели подоцна, кога пристигнав на тренинг имаше еден куп новинари и камермани. Си реков, „Изгледа некој ја оплескал работата, сигурно некој играч е главна сторија. Ќе си имаме проблем“. Потоа ни кажаа, „Момци, морате да останете во соблекувалната бидејќи шефот сака да разговара со вас“. И кога шефот доаѓа да разговара со сите, тоа не е добро. Ферги дојде и рече, „Навистина ми е жал. Некои луѓе кажаа дека ќе се пензионирам пред јас лично да го соопштам тоа. Затоа се сите тие камери надвор. Морам да се пензионирам поради мојата сопруга, потребен сум и“. Особено им се извини на Робин ван Перси и Шинџи Кагава бидејќи ги донесе на почетокот од сезоната“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …