Репрезентативната пауза за Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед дојде во добар момент, во саботата многу бура се крена затоа што Норвежанецот го остави Роналдо на клупата за резерви.
Ситуацијата е напната, секако, се уште не се доведува во прашање неговото останување на клупата, но со оглед дека Јунајтед страшно се заслили тешко дека ќе преживее ако не донесе некој трофеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега критики Солскјер добил и од Сер Алекс Фергусон. Често се шпекулира дека Фергусон го смета Солскјер за неискусен иако го познава духот на Јунајтед, според него тактички не е обучен да го води тимот. Но, за таквите пишувања нема потврда затоа што Фергусон јавно секогаш го поддржува Солскјер.
Сепак, во саботата бил снимен како ги критикува одлуките на Солскјер додека разговарал со УФЦ шампионот во пензија Кабиб Нурмагомедов.
„Играчите на Евертон помалку се плашеа кога видоа дека го нема Роналдо“, зборувал Ферги.
„Но, влезе во игра…“, одговорил Дагестанецот.
„Не, не, не, секогаш мораш да почнеш со најдобрите“, бил упорен легендарниот менаџер.
Ова е протоколувано како отворена критика кон Солскјер. Инаку Сер Алекс мечот го гледаше во друштво на Кабиб, Евра и Усеин Болт.