Фудбалерите на Атлетик Билбао вчера пред своите навивачи ремизираа против Хуеска (2:2) во рамките од второто коло во шпанската Ла Лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Билбао имаше се во свои раце бидејќи на почетокот на второто полувреме стигна до предност од 2:0, но домаќинот „успеа“ да го прокоцка водството до крајот на натпреварот и Хуеска стигна до изедначување.
Гостите во 87 минута изедначија на 2:2 кога фантастичен гол постигна Авила од работ на казнетиот простор. Овој гол многумина ги потсети на мајсторијата на Тиери Анри против Манчестер Јунајтед.
Во продолжение потсетете на мајсторијата на легендарниот Тиери Анри.