Одличен натпревар на стадионот „Бенито Стрипе“ одиграа екипите на Фросиноне и Емполи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Малку кој очекуваше екипи како Фросиноне и Емполи да понудат големи возбудвања, но тие одиграа одличен натпревар кој заврши без победник 3:3.
До водство стигнаа домаќините со автоголот на Силвестре во осмата минута, за во 32-та Зајц да го изедначи резултатот.
Во вториот дел после само три минути игра стрелецот на изедначувачкиот гол му асистира на стрелецо на автоголот Силвестре за пресврт и водство на Емполи од 1:2.
Потоа во наредните 15 минути видовме нов пресврт, Чофана изедначува во 52-та минута, а истиот фудбалер 11 минути подоцна носи предност за домаќините.
За изедначување и точка на одличниот натпревар стави Уџан во 79 минута кој постигна гол за 3:3.
После ова реми и двете екипи останаа во опасната зона. Фросиноне е претпоследен со два бода, Емполи е пред нив со четири бода повеќе.
Интересно е тоа што овие две екипи пред една година, одиграа исто така 3:3 само тогаш во Серија Б.