Турскиот гигант Фенербахче ова лето го доведе Един Џеко, а сега тргнува по ѕвездата на Ливерпул.
Имено, турскиот клуб е силно заинтересиран за Тиаго Алкантара и сака да го доведе во своите редови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во клубот веќе пристигнаа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај, а се очекува Клоп да донесе уште еден играч за врска до крајот на преодниот рок.
Алкатара минатата сезона пропушти голем дел поради повреда, па го загуби местото во првиот тим,но сепак е многу важен во тимот на „црвените“.
Фенербахче е клуб кој покажа најголем интерес за неговите услуги, му нуди загарантирано место во првиот тим и договор на три години.