Дома Фудбал Фенербахче сепак нема да ја напушти турската лига

Фенербахче сепак нема да ја напушти турската лига

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче одлучи да не ја напушти турската лига по скандалот кога играчите беа нападнати на крајот на неодамнешниот натпревар во Трабзон.

По тој повод Фенербахче на својот стадион во Истанбул одржа вонредно собрание на кое присуствуваа 22.588 клупски членови, јавува Анадолија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно, Коц ги собра сите фудбалери со кои разговараше за можноста за напуштање на лигата и порача дека клубот „нема да попушти и да ги компромитира принципите во кои верува заради шампионски титули“. Според него, повлекувањето од лигата била една од најекстремните опции.

„Во сите наши дискусии, најмалку преферирана опција беше излегувањето од лигата. Зошто нашите момци да играат во пониска лига? Таа опција не е добра бидејќи и во пониските лиги би морале да се справат со истите проблеми како сега“, изјави Коц.

„Оваа опција ја симнуваме од маса до следното генерално собрание, кое е за три месеци. Овде им се обраќам на Един Џеко, Душан Тадиќ и Мерт Хакан: Генералното собрание сака што сакате вие. Играјте и направете го она што е потребно и донесете ни титула“.

Фенербахче по 30 одиграни кола е на второто место на табелата со два бода помалку од водечкиот Галатасарај и е во лов на јубилејната, 20-та титула во турскиот шампионат. Последната ја доби пред десет години, пренесува Хина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…