Дома Фудбал Фенербахче – кралеви на тагата: Исфрлени од купот после 120 минути фудбал и 26 пенали (видео)

Фенербахче – кралеви на тагата: Исфрлени од купот после 120 минути фудбал и 26 пенали (видео)

Ваква драма како таа на Босфорот ретко се гледа, и голема тага за играчите, стручниот штаб и навивачите на Фенербахче. Очајната сезона на „Канаринците“ доби уште едно траорно поглавје. За великанот од Истанбул и вториот домашен трофеј оваа сезона ќе остане неотсонуван сон.

Фенербахче имаше одличен резултат од првиот дуел, но после големата и епска драма се радуваа играчите на Истанбул Башакшехир. Гостите најпрвин извлекоа продолженија (2:2), а потоа издржаа уште половина час игра и со триумф ја крунисаа маратонската серија пенали со 9:10.

Пеналите сјајно ги изведуваа и едните и другите во првите пет серии, а потоа прво промашување забележа Шкртел. Му се „реваншираше“ Наполеони и ја пропушти првата меч топка за Истанбул.

Најприсебен во 13-та серија беше Емануел Адебајор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додев му донесе предност на Алтај, но Елимај извлече бод

Дарко Додев погоди во 47. минута за водство на Алтај, но дуелот со Елимај заврши 2-2. След…