Шкендија после неколку натпревари конечно прикажа солидна игра и го совлада Силекс со 3:0.
Во овој натпревар својот првенец во дресот на Шкендија го постигна и Хуан Фелипе кој направи трансфер од Вардар во Шкендија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фелипе во изјава за официјалната на страна на клубот од Тетово потенцираше дека според него Шкендија може да стигне до титулата иако заостанува веќе 10 бода зад Академија Пандев и Вардар.
„Мило ми е што постигнав гол, но поважно е што освоивме три бода. Потребно е да фатиме континуитет. Победата беше важна затоа што имавме слаби резултати. Во тимот сите играчи и понатаму веруваат дека можеме да станеме шампиони, продолжуваме и се надеваме дека со победничко темпо ќе стигнеме до нашата цел. Нашиот фокус сега е на Македонија Ѓ.П, сакаме три бода и од овој натпревар“, изјави Фелипе за официјалниот сајт на клубот од Тетово.
Фото: КФ Шкендија