Дома Фудбал Лига на шампиони Фелаини пред да погоди играше со рака, тренерот на Валенсија бесен (ВИДЕО)

Фелаини пред да погоди играше со рака, тренерот на Валенсија бесен (ВИДЕО)

felaini

Скокаше Жозе Мурињо од радост откако Фелаини постигна гол за победа против Јанг Бојс во 91-та минута.

Таа победа за Манчестер Јунајтед со оглед на тоа дека Валенсија беше поразена од Јувентус значеше и пласман во следната фаза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Валенсија, Марселињо после натпреварот зборуваше за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс.

„Ми кажаа дека Фелаини играл со рака при голот за победа против Манчестер, но немаме решение за таа ситуација. Она што нас не зачудува е што ВАР се уште не е воведен во најпрестижното клупско натпреварување во светот. Но, тоа е фудбалот, Јунајтед освои шест бодови со голови во судиското продолжение. Сега ни останува да се фокусираме на првенството, лигата и купот“.

„Доколку не ме погодува тоа што Манчестер Јунајтед постигна гол во последните моменти, не би бил професионалец. Меѓутоа, кога ќе ви кажат дека при постигнувањето на голот се послужиле со рака, тогаш постои и одредена доза на бес“, изјави Марселињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…