Мауан Фелаини ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“, а според последните информации од медиумите кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Италија.
Договорот на Фелаини со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната, а Белгиецот одлучи да ја промени средината и веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Фелаини веќе се договорил со Рома и од следната сезона најверојатно ќе се пресели на „Олимпико“.
Спортскиот директор на „волчицата“, Мончи имал неколку средби со агентот на фудбалерот кој дал согласност за трансфер во Рома.
Фелаини моментално заработува 5 милиони евра по сезона, а со Рома ќе потпше четиригодишен договор вреден 4 милиони евра по сезона.
„Калчомеркато“ наведува дека ваквиот потег на „волчицата“ може да значи и продажба на Кевин Стротман, а Белгиецот најверојатно ќе биде негова замена во тимот.