Дома Фудбал Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и неизвесноста околу продолжувањето на договорот, Јувентус неодамна реши да ги слушне понудите за италијанскиот репрезентативец, а сега првата вест за конкретен интерес на големиот ривал – Рома.

Во печатеното издание на „Тутоспорт“ се наведува дека раководството на „волчицата“ е многу заинтересирано за соработка со ѕвездата на „Старата дама“, а особено интерес доаѓа од тренерот на Рома, Даниеле Де Роси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Роси неодамна го продолжи договорот и ќе ја води Рома и следната сезона, а како прв чекор за засилување на тимот го гледа доаѓањето на херојот на Италија од претходното Европско првенство.

Киеза пред три години го одигра фудбалот на својот живот на шампионатот на Стариот континент, а со два гола на седум натпревари, тие лидерски карактеристики на теренот ги доведоа „Азурите“ до титулата.

Де Роси потоа работеше како помошник на Роберто Манчини и имаше можност да се запознае со квалитетите на 27-годишниот напаѓач и е импресиониран од неговите квалитет.

Доколку Јувентус не се договори за продолжување на договорот со Киеза по летото 2025 година, најверојатно ќе биде принуден да го продаде ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…