Швајцарот смета дека Чунг со своите настапи го заслужил полуфиналето на Австралија Опен.
Чунг ќе биде наредниот противник, а Швајцарецот на прашањето да ја прокоментира играта на Кореецот имаше само пофални зборови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Искрено во овој момент не знам многу за него, знам дека има добар сервис и форхенд. Секако дека ќе ги прегледам неговите досегашни натпревари, но јасно ми е дека тој е играч кој игра „на се“, што значи дека пред се ќе морам да пронајдам начин да бидам агресивен и да ги водам“.
„Не знам кого се победи до натпреварот со Новак, но да го победиш Ѓоковиќ на Автралија Опен секако е голем резултат. Да, можеби Новак во тој натпревар не беше 110% спремен, но тоа не беше пресуден фактор за тоа кој ќе го добие натпреварот“, изјави Федерер.