Дома Тенис Федерер сигурен во првото коло од Завршниот мастерс во Лондон (Видео)

Федерер сигурен во првото коло од Завршниот мастерс во Лондон (Видео)

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер го совлада денес Американецот, Џек Соко со 6:4 и 7:6 во првото коло од Завршниот мастерс во Лондон.

Федерер до првиот триумф во Групата „Борис Бекер“ стигна по еден час и 34 минути игра.

Швајцарецот во првиот гем на мечот му го одзеде сервисот на Соко и тој еден брејк му беше доволен за освојување на првиот сет.

Федерер во вториот сет имаше неколку шанси за брејк, но не ги искорист, па тој дел од играта беше решен во тај-брејк. Вториот тенисер на светот тај-брејкот го доби со 7:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…