Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се повлече од турнирот во Рим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Федерер како и останатите тенисери вчера одигра два меча. Прво во шеснаесетфиналето го победи Португалецот Соуса без поголеми проблеми, за неколку часа подоцна во осминафиналето со пресврт да го исфрли Борна Чориќ.
Тоа очигледно влијаело на неговата физичка состојба и Роџер одлучил да го предаде мечот во четвртфиналето кој требаше да го игра денес против Стефан Циципас. Така Гркот полесно отколку што очекуваше се пласираше во полуфиналето на турнирот во Рим.
Засега не е познато колку е сериозна повредата на Федерер, но се верува дека не е ништо опасно и дека Федерер ќе биде спремен за Ролан Гарос.