Новак Ѓоковиќ неодамна го надмина Рафаел Надал по вкупната заработка во кариерата со приходите од турнири и реклами. Ѓоковиќ стигна до бројката од 520 милиони долари, додека Шпанецот е на 515.
Според медиумите специјализирани за заработка на врвните спортисти, Новак успеал да го направи тоа на крајот од сезоната, кога на завршниот Мастерс и Торино го освои најголемиот чек во историјата на ово турнир (4,4 милиони евра).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, иако и Ѓоковиќ и Надал заработија многу, нивната заедничка добивка не е доволна за да го надминат Роџер Федерер.
Швајцарецот не игра повеќе од една година, но во кариерата заработи околу 1,2 милијарди долари. Само во 2023 година од претходно потпишаните спонзорски договори заработил околу 93 милиони евра.