Дома Останати Тенис Федерер рутински до прва победа во Лондон

Федерер рутински до прва победа во Лондон

Роџер Федерер денес стигна до првата победа на завршниот Мастерс во Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарецот во два сета го победи Италијанецот Матео Беретини за кого ова беше прв пораз на турнирот.

Федерер славеше со 7:6 и 6:3. Впечатокот е дека Беретини играше добро само до тај-брејкот на првиот сета, а потоа неговата игра се распадна и повеќе немаше шанси против еден од најдобрите на сите времиња.

Со оваа победа Федерер остана во игра за полуфинале, сега го очекува меч со Новак Ѓоковиќ кој вечерва ќе игра против Доминик Тим веројатно за заверка на полуфиналето иако постои можност се да се решава во последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …