Дома Останати Тенис Федерер после големата победа: Мојот план за игра функционираше перфектно

Федерер после големата победа: Мојот план за игра функционираше перфектно

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер синоќа го победи Новак Ѓоковиќ во 3. коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Лондон со 2:0 во сетови.

Тоа беше една од најдобрите партии на Федерер оваа сезона, кој практично го ‘исчисти теренот’ со еден од двајцата најголеми ривали, а после натпреварот изјави:


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Влогот беше голем. Излегов и отсервирав добро. Мојот план за игра функционираше перфектно. Се надевам не и последен пат против Новак. Ова беше одлична игра од моја страна.“

Што беше поразлично во однос на финалето на Вимблдон, кое го загуби?

„Сега ја искористив меч топката.“ – искоментира Федерер низ смеа.

Инаку, Федерер со оваа победа се пласира во полуфиналето на Завршниот мастерс. Ривалот ќе го дознае денеска кога следува расплетот во групата Андреа Агаси. Циципас го осигура полуфиналето, додека второто име најверојатно ќе се бара помеѓу Зверев и Надал иако и Медведев има свои шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…