Дома Останати Тенис Федерер незапирлив – 16 од 16 во 2018, „брка“ најдобар старт во кариерата!

Федерер незапирлив – 16 од 16 во 2018, „брка“ најдобар старт во кариерата!

Швајцарецот во полуфиналето на Индијан Велс го совоја Хејон Чунг со што воедно го обезбеди првото место на АТП листата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Федерер вчера го направи она што се очекуваше, победи и обезбеди ново полуфинале на Индијан Влес. За него ова беше 16 победа во исто толку натпревари во тековната година со што го изедначи својот рекорд од далечната 2006 година.

Швајцарецот славеше над Чунг со резултат 7:5 и 6:1.

„Ова навистина е одлично достигнување, се надевам дека ќе продолжам во ист темпо и ќе стигнам до 17 победа со што ќе го имам најдобриот старт во кариерата“, изјави Федерер кој ја брани титулата на Индијан Велс.

Следен противник на Федерер е младиот Хрват, Борна Чориќ кој во три сета го совлада Кевин Андерсон (2:6, 6:4, 7:6).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…