Дома Тенис Федерер лесно до полуфинале во Шангај

Федерер лесно до полуфинале во Шангај

Роџер Федерерс се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако рутински со 2:0 го победи Нишикори.

Федерер славеше во два сета во четвртфиналната пресметка. Првиот сет го доби со 6-4, а во вториот сет јапонскиот тенисер пружи нешто посилен отпор но не доволно за изненадување против Швајцарецот кој го доби со 7-6.

Со тоа Федерер им се приклучи на другите тројца играчи, кои пред него со истиот резултат ги совладаа противниците.

Утре во полуфиналето ќе игра против Хрватот Борна Чориќ, а во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Партизан не испушта бодови: Нови 3-0 за врвот во Србија

Одбојкарите на Партизан го совладаа Караѓорѓе и со максимални девет бода по три кола се пр…