Роџер Федерер доживеа нов пораз од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен со 3:0 во сетови.
Швајцарецот имаше проблеми со повреда на слабините,но изјави дека не би излегол на терен доколку не мислел дека има шанси да победи, иако признава дека тие биле минимални.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Немаше да излезам на терен ако не мислев дека имам шанси за победа. Успеав да дадам отпор, но Новак е одличен, секогаш ве тера на удар повеќе и игра феноменално. Ментално е многу силен“, истакна Федерер.
„По четвртфиналето, се обидов да се одморам и не тренирав. Мислев дека можам да играм денес. Знаев дека веројатноста да победам беше само 3%“, изјави 38-годишниот тенисер.