Роџер Федерер без одигран меч се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ривалот на Швајцарецот, Милош Раониќ го предаде мечот и така Федерер се пласираше во следната рунда.
Во следното коло Федерер ќе се сретне со Италијанецот, Фабио Фоњини. Фоњини исто така без борба дојде до меч со Федерер, откако тенисерот од Унгарија, Фускович како и Раониќ го предаде мечот.
Ќе потсетиме, Надал се откажа па за титулата во Париз сега главни фаворити се Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кој ќе се врати на врвот на АТП листата.
Евентуален меч помеѓу Ѓоковиќ и Федерер е можен во полуфиналето.