Дома Фудбал Англија ФА покрена истрага против Сити за Санчо

ФА покрена истрага против Сити за Санчо

Фудбалската асоцијација на Англија го раследува Манчестер Сити поради сомнение дека му платил пари на агентот на Џејдон Санчо при неговиот трансфер од Ватфорд, додека уште бил неполнолетен.

Според „Шпигел“ во 2015 година англискиот клуб му платил на Емека Обаси 200.000 фунти, за неговиот клиент Санчо, кој едвај имал 14 години, да премине во академијата на Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот весник публикуваше документи со кои клубот се обиел да го „скрие“ плаќањето со договор за Обаси како скаут на клубот. Според одредбите на ФА и ФИФА на играчите под 16 години не им е дозволено да имаат свои менаџери.

„Можеме да потврдиме дека случајот ќе биде целосно разгледан“, изјавија од ФА за англиските медиуми.

Како што е веќе познато „граѓаните“ се под мониторинг и на УЕФА поради сомненија за нарушување на Финансискиот фер-плеј, а само пред една недела ФИФА казни друг англиски клуб – Челзи со забрана за трансфери во два преодни рока поради нарушување на правилата за неполнолетни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…