Дома Фудбал Англија ФА не му „прогледа низ прсти“: Покетино доби жестока казна внесувањетово лице на Мајк Дин

ФА не му „прогледа низ прсти“: Покетино доби жестока казна внесувањетово лице на Мајк Дин

Meнаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ја дозна казната за вербалниот судир кој го имаше со судијата Мајк Дин после поразот на Тотенхем од Барнли (2:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот стратег после натпреварот изрази големо незадоволство од судењето на Мајк Дин и одлучи сето тоа отворено да му го каже.

Фудбалската асоцијација веднаш започна постапка против него, а денес Покетино ја дозна казната кога воопшто не е блага.

Покетино не ќе може да го води тимот во наредните два натпревари и ќе мора да плати 10.000 фунти.

Така Аргентинецот нема да го гледаме на клупата на Тотенхем во натпреварот за викендот против Саутемптон и веројатно против Ливерпул на 31-ви март, бидејќи натпреварот со Кристал Палас кој требаше да се одигра помеѓу овие две средби е одложен.

Отсуството на Покетино од клупата сигурно ќе има влијание на играта на Тотенхем кој во последно време игра навистина лошо во Премиер лигата. Спарсите се во серија од три натпревари без победа. Имаат два порази и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Герсон Родригез доби црвен картон на тренинг-натпревар помеѓу две екипи на Вардар

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во италијанска Норчија, а денешниот тре…