Дома Фудбал ФА го казни Манчестер Јунајтед

ФА го казни Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес беше казнет со 20.000 фунти за однесувањето на „црвените ѓаволи“ за време на дербито со Ливерпул минатата недела на „Енфилд“.

ФА покрена обвинение против Манчестер Јунајтед за насилно протестирање против судијата  Крег Поусон, откако го опколија и вербално го нападнаа во 26-та минута од натпреварот.

Таквата реакција на фудбалерите беше предизвикана од фактот дека судијата не досуди фаул над Давид де Геа во шеснаесетникот, а последователно реализира и Роберто Фирмино. Сепак, голот беше поништен по прегледот на ситуацијата со ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…