Јавноста во Египет е фокусирана само на Мохамед Салах кој синоќа поради повреда мораше да излезе од игра во финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Салах по половина час со солзи го напушти теренот во Киев бидејќи заработи повреда на рамото по дуелот со Рамос. Египќанецот се обиде да го продолжи мечот, но беше јасно дека од тоа нема да има ништо, и дека едноставено мора да замине во соблекувалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јавноста во Египет е вознемирена по повредата на најдобриот играч на оваа селекција неколку недели пред СП. Иако некои англиски медиуми тврдат дека станува збор за сериозна повреда, од Египет стигнуваат подобри информации и дека Салах ќе биде подготвен за Мундијалот.
Имено, официјалниот твитер профил на селекцијата на Египет ја објави изјавата на докторот Мохамед Абу Ола, кој порача дека Салах ќе биде во екипата за Мундијалот. Тој тврди дека Салах ќе закрепне за две недели и ќе биде подготвен.
Прво ќе отпатува во Англија поради закрепнувањето, а на селекцијата на Египет би требало да се придружи на подготовките во Италија. Исто така порача дека Салах сигурно ќе биде на конечниот список на Египет кој ќе биде објавен на 4. јуни.