Брилијантен играч, кој има чуден карактер. Еден од оние кои постојано шетаат по нерви.
Бидејќи од Караско секогаш се очекува некој генијален потег, момент на инспирација, а во реалноста тоа ретко се добива. На Диего Симеоне оддамна му е јасно дека неговиот Атлетико и ваквиот Караско не се идеален спој. А сега пред обајцата е едно решение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Кинески клуб преку свои претставници на Јорганџиите им достави интересна понуда – 30 милиони евра за белгискиот репрезентативец.
Иако 25% од таа сума би оделе на сметка на Монако, но Атлетико секако би ги вратил вложените 17 милиони евра во Караско летото 2015. година.
Од тогаш Белгиецот одигра 124 натпревари за Атлетико, имаше некои блескави моменти, натпревари за паметење, постигна 23 погоодци, а асистираше на 17.
Меѓутоа, Караско никогаш потполно не се навикна на системот на игра на Чоло, а не е тајна дека имале и некои судири во соблекувалната.
Јасно е дека Симеоне уште од јануари е ставен пред избор: или заминува Караско, или Врсалјко. Тој избра Хрватот да остане. Во Мадрид чекаа понуда, се ширеа гласини дека Баерн е заинтересиран, се споменуваа и Англичаните, но на крајот ништо.