Дома Видео Фантастичен натпревар на Камп Ноу: Барселона е во финалето на Кралскиот Куп

Фантастичен натпревар на Камп Ноу: Барселона е во финалето на Кралскиот Куп

Фудбалерите на Барселона синоќа во одличен натпревар ја победија Севиља после продолженија со 3:0 и се пласираа во финалето на Кралскиот Куп.

Севиља во натпреварот влезе со два гола предност бидејќи во првиот натпревар на свој терен славеа со 2:0. Но, Барселона одлично го отвори реваншот и успеа брзо да дојде до гол.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Се играше 12. минута кога топката ја имаше Дембеле кој за момент се заплетка, а потоа од врвот на шеснаесетникот постигна спектакуларен погодок за 1:0.

Се чинеше дека тогаш Каталонците со сите сили ќе тргнат напред, но Севиља успеа да заигра подобро. Барселона го имаше поседот на топката, но до крајот на првото полувреме не дојдоа до посериозна шанса.

Во второто полувреме Барселона повторно го имаше поседот на топката, а до вториот гол можеа да стигнат во 68. минута. После цетаршут од десната страна се обиде Жорди Алба, но пречката ги спасува гостите.

Само пет минути подоцна Севиља можеше да го реши победникот. Беше досуден удар од белата точка, но ударот на Окампос го одбрани Тер Штеген.

И кога сите очекуваа крај на натпреварот Барселона дојде до гол. Гризман центрираше од левата страна, а највисок во шеснаесетникот на гостите беше Пике кој со глава погодува за 2:0 и големо славје на домашните играчи.

Барселона одлично продолжи и во првото продолжение и само после четири минути стигнаа до гол. Овој пат Алба асистираше, а одличен погодок постигна Братвајт за 3:0 и пласман на својот тим во финалето на Кралскиот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…