Главна тема во овој период во Италија е ситуацијата со Јувентус кој беше казнет со одземени 15 бодови.
Со одземените бодови Јувентус сега има само 23 и излез во Лигата на Европа и Лигата на шампионите преку Серија А е малку веројатен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус испрати жалба, но тешко е да се очекува дека бодовите ќе бидат вратени. Напротив, денес се појавија и информации дека Јувентус може да добие дополнителна казна од 20 одземени бодови (ТУКА).
Но, фановите на „старата дама“ се посебно бесни откако беа објавени имињата на судиите кои ќе одлучуваат за жалбата во Спортскиот суд.
Имено, дури осум од судиите доаѓаат од региони каде што Јувентус е омразен клуб (Наполи, Фиренца, Рим).
Кармина Волпи (НЕАПОЛ), Умберто Маиело (НЕАПОЛ), Лоренцо Атолико (РИМ), Стефано Азали (ЏЕНОВА), Даниеле Кантини (ФИРЕНЦА), Паоло Дел Векио (НЕАПОЛ), Маурицио Греко (РИМ), Андреа Лепоре (НЕАПОЛ), Мишел Месина, Даниела Морганте (РИМ), Леонардо Салвемини.