На денот на финалето во Лигата на шампионите фудбалскиот свет го погоди една голема трагедија, Хозе Антонио Рејес го загуби животот на 35 годиша возраст во собраќајна несреќа.
Една од најемотивните пораки после потврдата дека Рејес настрадал во собраќајната несреќа пристигна од неговиот сонародник и колега Сеск Фабрегас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мојот прв голем пријател во светот на професионалниот фудбал. Мојот цимер кој секогаш мораше да спие со вклучен клима уред, макар било и минус десет. Скромен човек кој секогаш имаше насмевка на лицето, голем фудбалер и уште поголем човек. Никогаш нема да заборавам кога ти и твоето семејство ме примивте во вашиот дом на мојот прв англиски Божиќ кога имав само 16 години. Никогаш нема да ги заборавам нашите тениски мечеви во теретаната пред и после тренингот. Нашата врска на теренот беше нешто посебно, секогаш беше лесно да те пронајдам на теренот да направиш разлика. Се уште кажувам дека беше и остана еден од најголемите талент и сигурен сум дека не грешам. Баш за тебе зборував пред две недели во едно интервју. Тоа е голем знак. Никогаш нема да те заборавам. Секогаш ќе бидеш во моето срце. Почивај во мир пријателу, те сакам многу“, гласи емотивната порака на Фабрегас.
— Cesc Fàbregas Soler (@cesc4official) June 1, 2019