Новиот калчолигаш Комо продолжува да се засилува, иако сезоната започна.
Комо немаше најдобар старт и беше поразен убедливо од Јувентус со 0:3, меѓутоа тренерот Фабрегас сега би можел да добие нови имиња во составот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно беа доведени искусни фудбалери како Варан, Реина, Морено…а според последните информации нова цел на шпанскиот тренер е Серхи Роберто. Серхи Роберто ја напушти Барселона и во Комо би пристигнал како слободен играч.
Покрај Роберто, негова желба се уште талентираните фудбалери на Реал и Сити, Нико Паз и Максимо Пероне. Ако пристигнат двајцата млади таленти, тоа би било веројатно на позајмица.