Многу прашина во медиумите се крена после натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија, што поради скандалозната прослава на головите на Шаќири и Џака, што поради недосудениот пенал над Александар Митровиќ…
Србите по натпреварот се прашуваа како е можно Феликс Брих кој е Германец да ја дели правдата на натпревар на кој игра Швајцарија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И како тоа да не и беше доволно на ФИФА следниот натпревар на Швајцарија ќе го суди Французин?!
Звучи навистина неверојатно после таквиот кикс на Брих, ФИФА да го одреди Французинот Келмонт Трупан…
Зошто неверојатно?
Имено, после Германците, Французите се најбројна нација во Швајцарија и францускиот јазик е прогласен за втор во уште една соседска земја!
Многумина сосема логично обвинуваат на посебен третман на Швајцарија бидејќи претседателот на ФИФА Џани Инфантино и шефот на судиската организација, Масимо Бусака се Швајцарци…