Неколку дена по cмртта на легендарниот Пеле, Бразил го погоди уште една трагедија.
Почина поранешниот бразилски фудбалер и најдобар стрелец во историјата на бразилското првенство, Роберто Динамите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој почина по долга и тешка болест потврди неговиот поранешен клуб, Васко Де Гама.
„Со огромно жалење мораме да објавиме за cмртта на најголемиот идол во историјата на клубот, Карлос Роберто де Оливеира, Динамите на 69-годишна возраст како последица од рак на дебелото црево“, потврдија од клубот.
Динамите помина дури 29 години во Васко де Гама, како играч дресот го носеше повеќе од 12 години, потоа беше и претседател. Постигна 708 гола и го држи рекордот по постигнати голови во националниот шампионат (190). Зад него се Фред (158), Ромарио (154), Едмундо (153) и Зико (135).