Дома Фудбал Италија Уште една трагедија: Фудбалер во Италија почина по срцев удар на терен!

Уште една трагедија: Фудбалер во Италија почина по срцев удар на терен!

Откако пристигна вест за смртта на поранешниот боксерски шампион (ТУКА), ни пристигнува и уште една тажна вест сега од Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, младиот фудбалер Матија Џани починал во текот на вчерашниот ден за време на натпревар за неговата екипа која се натпреварувала во петиот ранг на италијанскиот фудбал.

Лекарските екипи кои присуствувале на натпреварот веднаш реагирале, а бил пренесен и во болница каде што за жал ја загуби битката.

Во италијанските медиуми, по трагедијата се огласи и градоначалникот од овој регион Алесио Фалорини.

„Со голема жалост ќе соопштам тажни вести, Матија не преживеа. Немам зборови со кои би ја опишал оваа трагедија. Голема болка, нека почива во мир“, изјави Фалорини.

Матија беше роден во Понте Егола, место во близина на Пиза, а почина на 26 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се сеќавате ли на видеото во кое Инфантино сакаше да покаже колку знае фудбал? Стана вирално! (Видео)

Џани Инфантино е навикнат да биде во центарот на вниманието зборувајќи за најголемите фудб…