Дома Останати Ракомет Уште една ракометна сензација: Португалија ја победи Франција! (ВИДЕО)

Уште една ракометна сензација: Португалија ја победи Франција! (ВИДЕО)

Ракометот не памети кога во толку краток се случиле две големи сензации. Откако пред два дена Данска во Подгорица беше поразена од Црна Гора, вчера сензација прирердија Португалците кои ја победија моќната Франција.

Франција беше селекцијата која најмногу доминираше во последната деценија во светскиот ракомет, но вчера Португалија одигра фантастичен натпревар и однесе победа. Португалците водеа од почетокот до крајот на натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сензацијата се најави на полувремето кога Португалија имаше предност од три голови 17:14. Сите очекуваа Французите во вториот дел да ја надоместат таа разлика, маѓутоа тоа не се случи и разликата беше само зголемена. Португалија славеше над „Триколорите“ со 33:27.

Оваа победа на Португалија и ја донесе првата позиција на табелата во квалификациите за Европското првенство. Португалија сега има шест бода, Франција четири, Романија два, а Литванија во оваа група е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…